Енди Мареј сосема очекувано се пласираше во второто коло на Австралија опен по победата над Украинецот Марченко, но, повеќе од потезите на терен во очи падна ситуацијата од неговиот „бокс“ каде главната улога ја имаше неговата сопруга, Ким Сирс.
Во еден момент Ким беше лута што камерманот ја снима, па го натера физиотерапевтот да ја покрие камерата и да добие приватност на место каде, всушност, и не може да ја има… Според правилата на Грандслем турнирот, ексклузивниот застапник на ТВ правата, поставува камера и во боксот каде е сместена екипата на тенисерите кои настапуваат. Тоа, тенисерите го знаат, но очигледно не и нивните сопруги.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)