Утрово во рамките од првото коло на Австралија опен хрватскиот тенисер, Иво Карловиќ и Орасио Зебалјос од Аргентина станаа рекордери по бројот на одиграни гемови на еден меч на првиот гренслем турнир.
Двата тенисери со одиграните 84 гема го надминаа претходниот рекорд кој беше во сопственост на Енди Родик и Јунес Ел Ајнаун од 2013 година кога мечот заврши по 83 одиграни гема. Карловиќ после 5 часа и 22 минути славеше со 3-2, а одлучувачкиот петти сет траеше неверојатни два часа и 41 минута и заврши со 22-20 во гемови. Исто така, вреди да се напомени дека хрватскиот „џин“ сруши уште еден рекорд, откако на денешниот меч запиша 75 аса.
GAME, SET, MATCH! @ivokarlovic beats Horacio Zeballos after 5 hours and 15 minutes 😅 #AusOpen pic.twitter.com/A3rJ0hnoE5
— Eurosport UK (@Eurosport_UK) January 17, 2017
Овој меч е трет најдолг во историјата на Австралија опен, а рекордот сè уште го држат Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал кога во финалето во 2012 година на терен се задржаа 5 часа и 53 минути.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)