| четврток, 6 декември 2018 |

Азиланти брутално убија војник во Лондон- „Ви се колнам во Алах никогаш нема да престанеме!“ (видео)

Маж за кој се верува дека е војник вчера брутално бил убиен од двајца азиланти кои користеле касапски ножеви во југоисточниот дел на Лондон.

Очевидците тврдат дека напаѓачите го нападнале момчето на возраст од околу 20 години кое носело маица со апликација „Помогнете им на хероите“. Насилниците не само што го убиле, туку и се обиделе да му ја отсечат главата.

Британските медиуми објавија видео снимено по убиството од азилант кој се уште држи мачета во раката и вели: Ви се колнам во Алах никогаш нема да престанеме да се бориме против вас. Око за око, заб за заб… Се извинувам што жени беа очевидци на ова денес, но истото мораат да го гледаат и нашите жени во нашата земја. Ви никогаш нема да бидете безбедни. Тргнете ја вашата влада, тогаш нема да мора да се грижите, вели тој.

По страшниот напад, тие ги терале минувачите да ги сликаат и да ги снимаат затоа што сакале да се појават во медиумите. Тие подоцна биле пресретнати од полицијата, по што биле ранети и пренесени во болница.

Британската влада го третира случајот како терористички инцидент, а премиерот Дејвид Камерон го нарече „навистина шокантен“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top