Стеф Кари, иако е еден од најдобрите кошаркари на денешницата неговата плата, далеку е зад останатите НБА ѕвезди, а во својот Голден Стејт дури тројца кошаркари имаат поголеми примања од него. Клеј Томпсон, Дрејмонд Грин и Кевин Дурант се кошаркарите кои заработуваат повеќе од Кари во вориорси, но тоа е поради неговиот договор кој го продолжи во 2012 година, кога никој не очекуваше дека ќе стигне до ова ниво.
– Родителите ме научија една работа – никогаш не брои туѓи пари. Најважно е она што ги имаш ти и како се справуваш со нив. Ако се жалам за мојата плата во Голден Стејт, која изнесува 44 милиони за четири години, тогаш имам некој друг проблем со животот – вели Кари.
Сепак, оваа цифра драстично ќе зголеми од наредното лето, бидејќи доколку актуелниот шампион на западот сака да го продолжи договорот со својот најдобар кошаркар ќе мора да издвои 210 милиони долари за нова петгодишна соработка, додека останатите клубови ќе имаат можност да конкурираат со 140 милиони за договор од четири години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.