| четврток, 6 декември 2018 |

Арсенал ќе ја продолжи соработката со Венгер на уште две години

arsen-venger

Лондонски Арсенал ќе потпише нов договор со менаџерот Арсен Венгер до крајот на март оваа година, информира Најџел Винтербурн, кој работи за „Скај спорт“, а е добро упатен за работите во клубот од „Емирати“.

Кога Англија ќе одигра пријателски натпревар со Германија на 22 март, се очекува двете страни да најдат заеднички јазик и да потпишат договор.

Венгер веќе 21 година ги води „топџиите“, а еден од условите за продолжување на соработката се нови договори за ѕвездите Алексис Санчез и Месут Озил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top