Во репризата од минатогодишното финале, екипата на Голден Стејт го декласираше Кливленд (126-91) и му се одмазди за тесниот пораз на Божиќ во првиот меѓусебен дуел оваа сезона. Момците на Тајрон Лу изгледаа уморно од напорната гостинска турнеја, која ја завршуваат со висок пораз во Оукланд.
Томпсон постигна 26 поени за домашниот тим, 21 поен постигна Дурант а Кари имаше 20 поени и 11 асистенции. Леброн Џејмс кај Клибленд постигна 20 поени, Ирвинг имаше 17, а Шамперт – 15 поени. Кавси на овој меч од почетокот ниту еднаш не беа во предност, а Голден стејт добар дел од задачата си ја заврши во првиот период кој го доби со 37-22.
ЛА Клиперс и одржаа лекција на Оклахома, славејќи со 120-98. Вестбрук постигна 24 поени за гостите, додека Спигтс со 23 поени беше најдобар кај домашните.
Феникс на домашен терен загуби од Јута со 106-101. Добра партија за домашните имаше Бледсо со 31 поен, 9 асистенции и 9 скока, но тоа не беше доволно за победа. Гоберт кај Јута заврши со 18 поени и 17 скока.
Бостон, пак, со 108-98 триумфираше над Шарлот со 35 поени на расположениот Томас, додека Ал Хорфорд дополни со 22 поени. Кај гостите Волкер постигна 24 поени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)