| четврток, 6 декември 2018 |

Србија и Косово ги надминале разликите околу имплементацијата на бриселскиот договор

Премиерот на Србија Ивица Дачиќ и неговиот косовски колега Хашим Тачи синоќа постигнале договор за спроведување на договорот парафиран на 19 април. За текстот на договореното и за роковите ќе се изјаснат владите во Белград и Приштина до крајот на неделата.

Дводневните преговори се одвиваа со посредство на високата претставничка на ЕУ Кетрин Ештон.

Дачиќ укажал дека е важно да се дојде до договор и до имплементација пред јунската одлука на Европскиот совет за доделување на датум за почеток на преговори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top