Италијанскиот шампион Јувентус вчера на гала-свеченост во Торино го претстави новиот грб и визуелен идентитет на клубот.
– Новиот клупски грб го дефинира чувството на припадност и стил кој ви овозможува да комуницирате на наш начин – истакна претседателот на клубот Андреа Ањели.
Сепак, јавноста, корисниците на социјалните мрежи и навивачите на клубот имаа низа критика за новиот грб на славниот клуб, а само дел од коментарите беа дека со него се брише историјата на клубот со менувањето на препознатливиот симбол на клубот.
Јувентус е лидер во Серија А по 20. коло пред конкурентите за титулата Рома и Наполи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.