Американскиот астронаут Јуџин Сернан, последниот од оние кои чекореа по површината на месечината, почина на 83-годишна возраст, објави во понеделникот американската агенција за вселенски истражувања NASA на својот официјален профил на Твитер.
Сернан трипати престојуваше во космосот Во 1966 година беше втор пилот на бродот „Џемини-9, во 1969 година пилотираше со „Аполо-10, а по четири години командуваше со мисијата „Аполо-17“.
„Многу сме тажни поради заминувањето на астронаутот Јуџин Сернант, последниот човек кој чекореше по површината на Месечината“, објави NASA.
Вселенскиот брод „Аполо-17“ на 14-ти декември 1972 година го изведен единаесеттиот и последен лет во рамките на мисијата „Аполо“. Во рамките на оваа мисија во шестиот, и досега последен пат, слетаа на Месечината
Астронаутите минаа на природниот сателит на Земјата повеќе од 75 часови и извршија три излегувања од бродот. На месечевата површина Сернан тогаш ги напишал иницијалите на својата ќерка „TDC“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.