| четврток, 6 декември 2018 |

Подгответе се: На 31 јануари на небото ќе се случува спектакл

Феноменот Крвава Месечина, кој може да се забележи од Нов Зеланд и од поголемиот дел од Австралија и Централна и Источна Азија, како и делови од Европа и Блискиот Исток, ќе се случи на 31 јануари.

Таа вечер ќе се поклопат три небесни случувања, нешто што се нема случено повеќе од 150 години. Тоа ќе ни ја донесе една од најубавите ноќи, барем кога е во прашање набљудувањето на Месечината.

Овој настан е опишан како помрачување на сината супермесечина. Ќе се случи лунарно помрачување. Тоа случување ќе биде причина Месечината да добие црвена боја.

Крајот на овој месец ќе доживееме една од најубавите ноќи, барем кога станува збор за набљудувањето на Месечината. Имено, на 31 јануари ќе се поклопат три небесни случувања, кои не се поклопиле повеќе од 150 години.

Случување кое е опишано како затемнување на Сината Супермесечина ќе биде спектакуларен феномен, а еве што всушност ќе се случи.

Прво, Месечината ќе изгледа до 30 проценти поголема и посветла од вообичаено, што е феномен кој се нарекува Супермесечина. Супермесечината е прилично необична појава, па сама по себе е значајна, но тоа е само почеток.

Второ, полната Месечина која ќе се појави на 31 јануари е Сина Месечина. Тоа не значи дека ќе изгледа различно или дека биде сино обоена, туку дека втор пат Месечината е полна во текот на еден месец. Тоа се случува на секои три години.

Трето и веројатно најзначајно досега, истата вечер ќе се види лунарно помрачување.

Тоа случување ќе биде причина Месечината да добие црвена боја.

Тој мистериозен изглед, кој често емитува црвенкаста нијанса, поради начинот на кој атмосферата ја дуплира светлината, е причина зошто целосното затемнување на Месечината некогаш го нарекуваат крвава Месечина.

За разлика од првите две појави, третата, односно помрачувањето ќе биде видливо само во некои делови од светот, затоа што зависи од порамнувањето на Месечината, Сонцето и Земјата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top