| четврток, 6 декември 2018 |

Ги разделиле на раѓање, а нивната средба после 10 години го расплака светот (Видео)

Близначките Одри и Грејси се родени пред 10 години во Кина, а ги посвоиле различни американски семејства. Како изгледала нивната средба после 10 години погледнете во видеото подолу и подгответе марамчиња.
До нивното посвојување, за девојчињата се грижел ист старател, но ги посвоиле две американски семејства. Девојчињата сосема случајно дознале дека имаат сестра близначка откако мајката на Одри сакала да дознае повеќе за потеклото на својата ќерка.

За да ја пронајдат сестрата близначка на Одри после неколку неуспешни обиди, го контактирале кинескиот сајт специјализиран за информации за деца дадени на посвојување. Мајката на Грејс ја пронашле преку Фејсбук, а конечната средба била замислена како божиќен подарок за девојчињата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top