Менаџерот на Ливерпул Јирген Клоп ги загуби живците при една ситуацијата која се виде на тревата во дербито на 21 коло во Премиер лигата помеѓу Манчестер Јунајтед и Ливерпул на Олд Трафорд.
Во средината на второто полувреме Ливерпул организираше опасен контранапад, а можниот втор гол за “црвените” го спаси Херера.
Токму Херера неколку секунди го влечеше за дресот Фирмињо, бразилецот му возврати, а Херера заврши на тревникот покажувајќи дека тој бил погоден во лице.
Сето ова го разбесни Јирген Клоп кој со бесен чекор тргна кон Мурињо кој се обиде да го смири, но Германецот не се даде.
Урлаше кон клупата на Јунајтед, а поголем инцидент спаси четврттиот судија и помошниците тренери кои успееја да ги раздвојат.
Португалецот и понатаму уште нешто објаснуваше.
На крајот натпреварот заврши 1-1, двајцата тренери се ракуваа, но нивното ракување беше доста ладно.
@adjgeda by wifutty
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)