Откако Есма Реџепова во изјава за српски „Курир“ изрази големо разочарување обвинувајќи дека континенталното музичко натпреварување го организираат луѓе блиски до геј-заедницата, доби и одговор од истата заедница.
Одговорот дојде во вид на транспарент поставен на нејзината куќа, на кој пишува „Есма, постоиме и ќе постиме“.
Инаку, Есма во изјава за весникот тврдеше дека зад „Евровизија“ стојат истите оние луѓе што ги организираат геј-парадите низ светот, додавајќи дека геј-лобито е во фокусот, а нема ни трага од некогашната манифестација што посветено се следела.
– Ова е нечуено! Само пе..ри! Оваа манифестација ја организираат истите оние што ги организираат геј-парадите низ светот. Јас досега слушав сѐ и сешто, но ова е првпат со свои очи да се уверам што се случува со ова некогаш прекрасно музичко натпреварување. Не е ни чудо што не поминавме бидејќи се гледа кој овде оди понатаму – вели огорчената Есма.
Есма додава дека нејзиниот помлад колега Лозано бил вистинска мета за хомосексуалците, па бил принуден да се „пази“.
– Мојот колега не смееше да излезе од хотелот, а камоли да оди до евроклубот. Таму веднаш го штипкаа за задникот – открива Есма.
Изјавата на Есма беше осудена и од невладината организација „Цивил“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.