Сметките за струја се кошмар за многубројни домаќинства. Меѓутоа, сосема е можно дека луѓето наскоро ќе им речат збогум.
Направен е прототип на велосипед кој може да ја напојува вашата куќа за период од 24 часа. Доволно е да вежбате на него еден час дневно и да уживате во полезноста на бесплатната енергија која ќе ги напојува сите уреди во вашиот дом.
Овој изум се вика електричен хибриден велосипед и произведува бесплатна електрична енергија. Го произвел тим од луѓе кои ги собрал и финансирал Маној Бхаргава, милијардер кој се заколнал дека 90 отсто од своето богатство ќе го потроши за истражување и хуманитарни организации.
Велосипедот има потенцијал да им помогне на 1,3 милијарди луѓе што ден денес во 21 век немаат електрична енергија. Маној планира да донира 10 000 вакви велосипеди во Индија в година.
Овој фантастичен изум ќе ги реши сите проблеми на современото општество – снабдување со електрична енергија, финансиите кои се потребни за електричната енергија и ќе ги натера луѓето да се придвижат и вежбаат секојдневно, а при тоа да прават нешто корисно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)