Минатата среда тимот лекари се решиле на досега невидено нешто – да употребат капка суперлепило за да залепат аневризма која прокрварила во мозочето на тринеделно бебе.
На ова морале да се решат бидејќи не постојат толку мали хируршки инструменти со кои може да се оперира толку мало бебе.
Детенцето Ешлин Џулијан било однесено во болница во Канзас Сити откако одеднаш дома почнало да вреска и повеќе пати да повраќа.
Лекарите откриле аневризма во мозокот на детето.
Но, тоа толку ретко се случува кај мали бебиња што не постојат толку ситни хируршки инструменти кои би можеле да се употребат во операција на толку мало бебе.
Во крајно итна ситуација, тимот на д-р Еберсол решил да се обидат со хируршко суперлепило.
Преку најмал катетер со микрожица до оштетениот крвен сад пренеле мала капка суперлепило. Лепилото се исушило за некоја секунда и формирало „внатрешен калап“ кој ја запечатил аневризмата.
Малото бебенце, по овој ризичен, но успешен потег на лекарите, кој бил единствената шанса, преживеало и добро се опоравува!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)