Кирил Лазаров со јубилеј го отвори дуелот против Словенија. Капитенот погоди од пенал за 2-1, во втората минута. Тој погодок беше 1.000 погодок на Лазаров на официјалните средби во „црвено-жолтиот дрес“.
Кире веќе две децении ги брани боите на националниот тим, а ова е неверојатно постигнување, што на малкумина им успеало. Во оваа статистика се бројат головите дадени на квалификациски мечеви и погодоците на големите натпреварувања, како што се европските и светските првенства.
Доколку на оваа бројка се додадат и повеќе од 200 голови на пријателски средби, тогаш Лазаров е со повеќе од 1.200 голови во дресот на репрезентацијата на Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)