| четврток, 6 декември 2018 |

Нејзиниот живот не е бајка: Од што се откажа Кејт за да биде сопруга на Вилијам

Животот во кралскиот дворец е преполн со правила, протоколи и формалности, а принцезите, покрај големиот број на привилегии, од некои нешта сепак мора и да се откажат.

Животот на Кејт Мидлтон во потполност се променил кога таа пред речиси шест години влегла во британското кралско семејство. Да се живее во еден кралски дворец секако звучи идилично и бајковито, но таквиот живот е полн и со многу правила, протоколи и формалности, а принцезите, покрај бројните привилегии, од некои нешта сепак мора и да се откажат.

1. Учење на колку што е можно повеќе странски јазици

Современите принцези мора да знаат колку што е можно повеќе странски јазици како, кога ги посетуваат дипломатите од странските земји, поголемиот дел од разговорите би биле водени токму на нивниот мајчин јазик.
2. Откажување од правото на глас

Или така е барем во Англија. И иако за тоа не постои официјален службен закон, жителите на Англија сметаат дека е противуставно за кралското семејство да учествува во изборите, бидејќи тие треба да ја претставуваат целата земја. Значи, кога една жена ќе стане принцеза, за неа нема повеќе гласање на политичките избори ако таа сака нејзиниот народ да ја сака.

3. Откажување од својата “дива страна”

Жената којашто ќе стане принцеза веројатно и не е некој голем бунтовнички тип,но дури и ако имала било каква “дива страна”, таа ќе мора од тој животен стил засекогаш да се откаже кога ќе влезе во кралското семејство. Ниту таа, ниту нејзиното семејство не смеат да си дозволат никакви скандали.

4. Подготвеност за живот полн со формалности

Прекарите никако не се дозволени во кралската палата. А една принцеза секако треба да се навикне на тоа за другите да ја именуваат со “нејзиното кралско височество принцезата…”.

5. Секогаш беспрекорен изглед

Врвните стилисти барем три пати неделно ја фенираат косата на Кејт Мидлтон, но таа мора редовно и да се потстрижува и негува. Кејт во јавност е невозможно да ја видиме во несредено издание и таа е одличен пример за тоа што значи совршено негувана и дотерана принцеза. Да се биде принцеза дефинитивно не е за некој којшто сака често да се облекува во лежерна и опуштена облека.

6. Живот во домаќинство во коешто се следат правилата на кралицата

Кралицата одредува мноштво од ситниците коишто се случуваат во животот на едно кралско семејство. На пример, едно од правилата вели дека вечерата завршува кога кралицата ќе заврши со својот оброк.

7. Посетување на најдобрите училишта и најпрестижните општествени случувања

За една жена да стане принцеза, таа мора најпрво да го запознае својот принц. Најголема веројатност за нешто такво да се случи постои на престижните институции за високо образование, како и на гала вечерите, баловите или хуманитарните случувања. За една принцеза е исто така важно да биде добро образувана бидејќи таа има важно место во општеството.

8. Откажување од било каква кариера

Да се биде принцеза е работа со полно работно време и така и треба да остане. Па дури и ако одела во најпрестижните училишта и стекнала завидни дипломи, принцезата ќе мора да се откаже од својот сон за да изгради своја кариера. Кетрин Мидлтон на пример има диплома по историја на уметност, но воопшто не се занимава со тоа во својот живот.

9. Не смее да биде членка на никаква политичка организација

Принцезата никогаш не би смеела да се кандидира за било каква политичка позиција поради слични причини коишто исто така не дозволуваат гласање на изборите. Принцезата ја претставува целата земја, а кандидирањето за ангажман во некоја политичка партија би создало поделеност.

10. Занимавање со хуманитарна работа

Голем дел од своето време принцезата го минува занимавајќи се со хуманитарна работа, при што треба да претставува грижлива и мајчинска фигура. Поголемиот дел од принцезите се определуваат за една или две хуманитарни цели и работат на подобрувања во тие одредени подрачја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top