| четврток, 6 декември 2018 |

Како ќе изгледа Земјата за 250 милиони години? (Видео)

Тим научници од Јејл и јапонската Агенција за морско-копнени науки и технологија предвидува дека за 250 милиони години ќе се формира нов мега континент наречен Амазија.

img-317194

Научниците предвидуваат дека поради движењето на тектонските плочи кои се спојуваат или раздвојуваат во циклуси од по повеќе стотина години, ќе се формира нов континент, пишува Дејли маил. Истражувањето е објавено во Nature, а е основано според теоријата за ортоверзија, според која континентите по распаѓањето на супер континентите се оддалечуваат едни од други до моментот на подвлекување на една тектонска плоча кон друга.

Ваквите промени се случуваат во текот на повеќе милиони години, а научниците направија симулација во која се прикажува целиот процес. Според нив, Северна и Јужна Америка ќе станат една, додека Карипското Море и Арктичкиот Океан ќе исчезнат. Азија исто така ќе стане дел од двете Америки.

Последниот супер континент Пангеа се формирал пред 300 милиони години, со Африка во неговиот центар. Почнал да се распаѓа на седум континенти околу 100 милиони години подоцна. Тогаш е создаден и Атлантскиот Океан.

Земјината површина се состои од седум големи и седум помали тектонски плочи кои се движат со брзина од неколку милиметри па до два сантиметри годишно, што е брзина на растот на човечки нокот. Меѓусебното триење на тие плочи доведува до земјотреси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top