Најверојатно до сега веќе сте го прочитале годишниот хороскоп, па знаете што ви предвидуваат ѕвездите во текот на целата година. Овој пат, за секој знак посебно, ви прикажуваме на што треба да поработите токму во новата година.
Овен
Останете прибрани. Сочувајте го својот мир. Немојте да бидете ирационални. Одлуките донесувајте ги мудро, а не наеднаш за да не зажалите подоцна.
Бик
Ставете се себе на прво место, бидејќи го заслужувате тоа. Најдете време за себе и потрудете се да се опуштите со масажа и со јога.
Близнаци
Не го трошете времето на луѓе кои ви изгледаат дека се опуштени. Повеќе време посветете им на вистинските пријатели.
Рак
Верувајте им на своите инстинкти. Сами одлучувајте и немојте да им дозволите на другите да доминираат во вашите животни избори.
Лав
Потребни ви се книги кои ќе ве инспирираат. Пронајдете ги оние кои навистина ќе допрат до вашата душа.
Девица
Оваа година потрудете се да не бидете роб во својата работа. Потребно е да работите „паметно“. Пронајдете ја рамнотежата во вашиот живот. Фирмата нема да исчезне, па не мора толку многу да „се трошите“ на работа.
Вага
Понекогаш е во ред да кажете „не“, другите нема да ве осудат поради тоа. Почнете да работите на работи кои ќе ве усреќат и немојте да допуштите обврските да го дефинираат вашето уживање во животот.
Скорпија
Оваа година пронајдете некое ново хоби или активност. Запишете се на некој курс. Потребно ви е да го забавувате вашиот ум.
Стрелец
Не мора да го чувате своето срце така силно. Не дозволувајте од страв да не ви го скршат, да го пропуштите запознавањето на вистинската личност за вас. Ако сте веќе во врска, потрудете се да ја подобрите и поработете на комуникацијата.
Јарец
Ова е година кога треба да го запознаете новиот во вас и да ги проширите границите. Искусете нова авантура, поминете добро време со пријателите и искористете ги сите можности.
Водолија
Потрудете се да пронајдете повеќе време за себе и она што навистина ве интересира. Поминувајте повеќе време сами и немојте постојано да сте опкружени со луѓе. Потребно ви е тоа за вашиот душевен мир и развој.
Риби
Време е да ја покажете вашата креативна страна. Претворете ја својата страст во кариера. Работете нешто што навистина ќе ве инспирира и не дозволувајте желбите на другите да влијаат врз вас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)