| четврток, 6 декември 2018 |

Пази што правиш во клозет на Клинички – те снимаат!

kameri vo wc

Поради кражба на чешми, во тоалетите на Стоматолошкиот клинички центар ќе бидат поставени камери за да се спречи таквата појава.

Тоа го најави министерот Никола Тодоров денеска на промоцијата на новите 20 стоматолошки стола, три автоклави и еден панорамски рендген, кои се инсталирани на клиниките за ортодонција, орална хирургија и за болести на устата и парадонтот, при универзитетскиот Стоматолошки клинички центар „Свети Пантелејмон“.

Nikola-Todorov

Министерот Тодоров, кој денеска го посети Стоматолошкиот клинички центар, изјави дека со оваа инвестиција, во висина од над 6,5 милиони денари, ќе овозможат да се зголеми бројот на пациентите.

– На тој начин ќе се врати реномето во поглед на бројот на пациентите, кое го имаше порано оваа здравствена установа. Столовите беа стари по 15-20 години и даваа многу лоша слика за состојбата во Стоматолошкиот клинички центар и ги одвратуваа пациентите да добиваат услуги во оваа установа. Опремата е набавена од заштедите што ги направија двајцата директори во функционирањето на клиниката – посочи Тодоров.

„Ова е најреномирана установа од стоматолошки карактер во целата држава со најдобри стручњаци и со нова опрема“, додаде Тодоров.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top