| четврток, 6 декември 2018 |

Симона Халеп се „лизна“ на стартот на Австралија опен

simona halep

Четвртата носителка Симона Халеп е првата голема „жртва“ која падна на терените во Мелбурн уште во првото коло на гранслем-турнирот Австралија опен. Романката, која подоцна изјави дека имала болки во колената, загуби со 2-0 во сетови (6-3, 6-1) од Американката Шелби Роџерс.

Елиминацијата на Халеп е изненадувачка, но и само уште една потврда дека не ѝ оди најдобро на Австралија опен. Таа и минатата година беше елиминирана на стартот од турнирот.

– Шелби играше одлично, беше агресивна, а јас не можев да го пронајдам ритамот. Не можев да го сторам она што го посакувам на теренот и поради болките во колената. Но, не сакав да се откажам и го доиграв мечот до крај – изјави Симона Халеп.

Првото коло од турнирот го мина и Стефани Вогел, швајцарската тенисерка која ја совлада Лина Ѓорческа во последното квалификациско коло во Мелбурн. Вогел беше подобра од Куруми Нара од Јапонија со 2-1 во сетови, а во следната рунда ќе игра против Венус Вилијамс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top