| четврток, 6 декември 2018 |

Затворениците го претворија затворот во Ниш од загубар во економско чудо

Во казнено- поправниот завод во Ниш, Србија, почна производството на електроделови за автомобили, а осудениците дневно изработуваат околу 30.000 делови, вели управникот на заводот Александар Грбовиќ. Во тек е набавка за 15 нови машини за тој погон, кој веќе 24 часа работи со 7 машини, посочува Грбовиќ. Тој објаснува дека затворениците изработуваат делови за странска компанија која работи во Ниш и која извезува од земјата, пренесува РТС.

Во тек е набавка на машина и за затворска печатница која ќе биде отворена во објектот каде веќе работи текстилен погон.

-Во тој погон лани е произведено продукти вредни 45 милиони динари (23 милиони денари). Се работи за производи неопходни за опремување на затворот, како и за униформи за работниците во обезбедувањето и судовите- објаснува директорот.

KPZ-Nis_5

Се произведуваат и десетици различни производи како метални огради, мебел, клупи, сувенири, шаховски табли  и кошници. Заводот минатата година оствари приход од 80 милиони динари, не сметајќи ги приносите од земјоделското и сточарското производство. Од 2013 година во затворот за четири пати е зголемен сточниот фонд и сега има 110 говеда, над 1.600 свињи, 2400 кокошки… Бидејќи е зголемено и земјоделското производство, Заводот обезбедува се што е потребно за исхрана на затворениците, а вишоците во овошје, млеко и месо се продаваат на пазарот.

reg-zatvora_620x0

Во затворот во Ниш има околу 1.400 осуденици, а работно се ангажирани 1.000. Тие самите избираат што ќе работат. Многумина научиле занает во затворот. Има и такви кои не сакаат да работат. Но, директорот на нишкиот затвор има идеја и за таквите случаи.

-Треба да се смени законоската регулатива и да се воведе тие затвореници да плаќаат за сместувањето во затворот, бидејќи трошоците за нив сега ги плаќаат даночните обврзници.

До пред три години нишкиот казнено поправен дом бил во огромни долгови. Со воведување на работниот програм, затворениците овој загубар го претвориле во економско чудо кое остварува приходи. Оние кои работат велат дека  со работата времето полесно им минува и полесно ја издржуваат казната, а помага и во нивната ресоцијализација.

projekat-u-nisu-osudenici-uce-dake-o-paklu-droge

Меѓу проектите на овој казнено поправен дом е и низата волонтерски предавања од затворениците низ училиштата во Ниш, со цел да ги оттргнат младите од дрогата. Директно покажувајќи им на децата каде може дрогата да ги одведе, како пример е посочен спортист кој е затвореник заради дрога и неговото искуство го пренел на децата. До сега  на овие предавања присуствувале 1300 деца.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top