
Кошаркарите на Оклахома Сити Тандер се радуваа на гостувањето кај Сакраменто со 118-122, а првата ѕвезда на екипата Расел Вестбрук мечот го заврши со 36 поени, 11 скока и 10 асистенции, што е доволно за негов 20. „трипл-дабл“ учинок оваа сезонава.
Бекот на Оклахома сега го израмни постигнувањето на Вилт Чемберлен и наскоро ќе стане единствен во историјата со преку 20 „трипл-дабл“ постигнувања, кои за него станаа остварување како од шега.
Хјустон експресно го реши Бруклин со 137-112 и, очекувано, најефикасен кошаркар беше Џејмс Харден. „Брадата“ одново забележа трипл-дабл ефект овој пат од 22 поени, 11 скокови и исто толку асистенции. За Харден ова беше 12. трипл-дабл.
НБА резултати:
Далас – Минесота 98-97, Атланта – Милвоки 111-98, Торонто – Њујорк 116-101, Бруклин – Хјустон 112-137, Мемфис – Чикаго 104-108, Сакраменто – Оклахома 118-122, Ла Лејкерс – Детроит 97-102.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


