Во непосредна близина на аеродромот Манас во Киргистан денеска се урна турски товарен авион, а во несреќата загинаа најмалку 32 лица, пренесе ТАСС, повикувајќи се на киргистанските власти.
Повеќето од жртвите, меѓу кои има и шест деца, биле жители на населеното место врз кое паднал авионот „Боинг 747“.
Аеродромските власти соопштија дека авионот летал од Хонг Конг за Истанбул, а на меѓунрародниот аеродром Манас требало да има привремено слетување, но се урнал додека се обидувал да се приземји во услови на густа магла, забележуваат британските медиуми.
Заради несреќата аеродромот Манас е затворен.
Министерството за вонредни ситуации соопшти дека во несреќата биле разурнати 15 куќи.
Според информации на агенцијата Анадолија, урнатиот авион припаѓал на турската авиокомпанија „Мај карго ерлајнс“, позната, исто така, и како „Еј-Си-Ти Ерлајнс“, посочува ТАСС.
Опубликовано видео с места падения самолета под Бишкеком #самолет#бишкек#крушение
A video posted by ZELLO KZ – OFFICIAL PAGE (@zello.kaz) on
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)