На собирот пред кулата на Доналд Трамп во Њујорк, Македонците од САД прочитаа проглас во кој се изразува поддршка на идниот претседател, и од него се бара да ја смени досегашната политика на претседателот Барак Обама, кој ги финансираше и политички поддржуваше активностите на Џорџ Сорос во Македонија.
– Драг претседателе Трамп, ние, Американците со македонско потекло, ви честитаме на изборот. На нашата матична земја Македонија и е потребна вашата помош. Ве повикуваме да ги заштитите Македонија и македонската демократија од Фондацијата Отворено општество на Џорџ Сорос. Преку американската амбасада во Скопје, пари од американските даночни обврзници се даваат за отворено поддржување на радикалните и честопати насилни активисти на Сорос.
– Администрацијата во заминување, преку амбасадата на САД, направи фондацијата на Сорос да биде главен извршител на проектите на УСАИД и на американската Влада во Македонија. Фондацијата на Сорос е озлогласена по обидите да ги спроведе радикалните политички ставови на овој милијардер. Резултатот на оваа активност беше насилство против македонската полиција и насилни протести во многу македонски градови. Ние сме тука во поддршка на независноста на Македонија, членството во НАТО и територијалниот интегритет на Република Македонија, како и за силното пријателство со Соединетите Американски Држави. Ви благодариме, претседателе Трамп. Нека Господ ги благослови Македонија и Соединетите Американски Држави, пишува во прогласот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.