| четврток, 6 декември 2018 |

Борбата за титулата во Серија А допрва почнува, Фиорентина ја порази „старата дама“ (видео)

Soccer: Serie A; Fiorentina-Juventus

Во последниот натпревар од 20. коло на италијанската Серија А, на исполнетиот „Артемио Франки“ во Фиренца, првакот Јувентус го претрпе четвртиот пораз оваа сезона, откако по миланските екипи и Џенова, и „виолетовите“ на Пауло Соуса го победија тимот од Торино. Во интензивен натпревар Фиорентина извојува победа над „старата дама“ од 2-1.

Тимот од Фиренца сосема заслужено стигна до триумфот, најавувајќи го во 37. минута со погодокот на Калиниќ.

Во второто полувреме Фиорентина зголеми на 2-0 со голот на Бадељ во 54. минута, а Игуаин единствено успеа во 58. минута да постигне почесен погодок за „Старата дама“.

 

Јувентус, по овој пораз, остана на 45 бода, само еден повеќе од второпласираната Рома. Јувентус има и натпревар помалку. На третата позиција е Наполи со 41 бода, а четврти Лацио со 40 бода.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top