| четврток, 6 декември 2018 |

Кире игра како во најдобрите денови, има фантастични 79 проценти реализација

kire lazarov

Капитенот на нашата репрезентација, Кире Лазаров предизвикува огромно внимание во светските медиуми поради извонредните игри по првите два натпревари. На нив Лазаров има постигнато 22 гола и овој почеток е подобар и од Светското првенство во Хрватска, кога нашиот „бобардер“ постигна рекорд на светските шампионати.

На првиот натпревар со репрезентацијата на Тунис, Лазаров запиша 12 гола од 16 обиди (75%), додека против Ангола вчера упати 12 удари, а постигна 10 гола (83%). На двата натпревари нашиот капитен ги реализира сите 10 удари од седум метри. Ако се собере статистиката од двата натпревари Лазаров има фантастична реализација од 79% (22 од 28), а одигра нешто преку 60 минути на теренот, кога ќе се собере минутажата од двата натпревари.

Кирил Лазаров е прв стрелец со 22 гола, пред Бугамни и Генсхајмер со по 13 погодоци. Германецот има само еден натпревар, на кој исто така имаше извонреден процент на реализација од 87%. Со овие 22 гола Лазаров ја мина границата од преку 200 гола на завршните турнири на Светските првенства и е единствен во поновата историја кој постигнувал голови на пет Мундијали: Египет, Хрватска, Шпанија, Катар и Франција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top