| четврток, 6 декември 2018 |

Нов пораз на Палермо, Наинголан и донесе победа на Рома на тешкото гостување во Удине (видео)

naingolan

Нов пораз на Палермо, лесна победа на Наполи, како и тесни на Рома и Лацио е епилогот од попладневните натпревари од 20. коло во италијанската Серија А.

Екипата на Палермо го забележа својот 14. овосезонски пораз откако на гостувањето кај Сасуоло загуби со убедливи 4-1 (2-1). И на денешниот дуел свој блесок имаше нашиот голгетер, Илија Несторовски. Популарниот „Несто-гол“ не ја затресе противничката мрежа, но на мајсторски начин со пета асистираше до својот колега Куасон кој без проблеми донесе водство за сицилијанскиот тим. Сепак, тоа беше сè што направи Палермо на овој меч. Во продолжението Сасуоло беше тој кој ја водеше игра и на крај со головите на Матри (2) Политано и Рагуза заслужено славеше убедлива победа. На денешниот меч шанса за игра не доби Александар Трајковски кој мечот го преседе на клупата за резервни играчи.

Претендентите за највисок пласман, Рома и Наполи сосема заслужено славеа нови победи. Момците на Маурицио Сари на домашен терен со головите на Тонели, Хамшик и Мертенс со 3-1 ја совладаа Пескара, додека Рома со минимални 0-1 на гости беше поуспешен од Удинезе. Победничкиот гол за „римската волчица“ беше дело на Белгиецот, Наинголан, додека Един Џеко имаше шанса да го зголеми водството, но неговиот удар од 11 метри заврши далеку од голот на Удинезе.

Четвртопласираниот Лацио стигна до нова победа, победувајќи ја на „Олимпико“ Аталанта со 2-1, а стрелци на головите беа Милинковиќ-Савиќ и Имобиле, додека за Аталанта поведе со 1-0 со голот Петегна, Во Џенова екипите на Сампдорија и Емполи одиграа непопуларно реми од 0-0.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top