| четврток, 6 декември 2018 |

Федерер: Дојде време да бидам и аутсајдер, тоа е нов момент во кариерата

rodzer-federer

Пред почетокот на првиот Грен слем за оваа година Австралија Опен, рекордерот по бројот на Грен слем титули, Роџер Федерер несвојствено за него, ја има улогата на аутсајдер. Швајцарецот е поставен за 17. носител, а во првото коло ќе се сретне со Австриецот Јирген Мелцер.

– Јасно е дека сум аутсајдер. Мислам дека тоа е добро за нов почеток. Нормално, сакам да сум фаворит, но во ред е да бидам и аутсајдер – рече Швајцарецот.

Освојувачот на 17 Грен слем титули, воедно и рекордер, во текот на турнирот во зависност од постигнувањата би можел да се сретне со Бердих, Нишикори, Вавринка и Мареј.

– Ждрепката е одлична, бидејќи јас сум во неа. Задоволен сум што сум тука и што ќе имам прилика повторно да победувам. Ќе видиме колку и поради тоа сум претпазлив. Имав година во која пропуштив доста од мечевите поради повреда. Ми недостигаше теренот, момците. Ние сме како една големо семејство – изјави Федерер.

35-годишниот Швајцарец на Авастралија Опен има освоено четири титули, но последната во далечната 2010 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top