Деветнаесетгодишниот кумановец Б.С. со повреда од огнено оружје во пределот на десната потколеница рано изутрина бил донесен во Ургентниот центар во Куманово.
Како што соопшти денеска МВР, Б.С. повредата ја здобил во кафебарот „Тунел“ во Куманово. Случајот во полициската станица во Куманово изутрина во 4:40 часот го пријавиле од Ургентниот центар во Куманово. СВР Куманово презема мерки за расчистување на настанот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.