| четврток, 6 декември 2018 |

Миркуловски: Задутре одиме на Словенија, одиме на победа како и секогаш

По победата над Ангола и претходно на Тунис фокусот е насочен на дуелот со Словенија. Нема што да се изгуби, а може многу да добиеме, вели Филип Миркуловски.

-Можеби не го скршивме натпреварот во десета минута, но имаме уште една победа. Знаевме дека Ангола ќе одиграм многу подобро отколку со Словенија, тоа им беше еден навистина лош ден бидејќи Ангола не е толку неквалитетна репрезентација колку што се покажа на првиот меч со Словенија. Но, ете ние повторно покажавме карактер. На почетокот не искористивме неколку зицери, но, ете славиме нова победа, две од две. Сега се фокусираме на следниот натпревар, задутре одиме на Словенија. Имаме време да се одмориме и да излеземе на мегдан со Словенија. Словенија ни е добро познат противник. Како и секогаш ќе го дадеме својот максимум. Нема што да изгуибиме, може многу да добиеме. Кој знае, може со победа над Словејија да атакуваме и на второто место. Ќе се подготвиме добро и одиме на победа како и секогаш – изјави Миркуловски по мечот со Ангола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top