| четврток, 6 декември 2018 |

Кој диригира нова политичка нестабилност?

 

Станува очигледно дека на некои структури не им одговара стабилна и независна Република Македонија. Затоа и се толерираат аболицирани криминалци од калибарот на Зоран Заев. Воедно, се охрабруваат политичари од соседството да ги поткопуваат темелите на унитарноста на Македонија. Дотолку посимптоматично е што истите политичари се далеку од тоа да ги средиле проблемите на домашен терен.

Се чини дека систематски се потхранува нестабилноста во земјата. Република Македонија спроведе фер и демократски избори на 11 декември, кога мнозинството граѓани ја поддржаа опцијата за затворање на кризата, фокус на економијата и реформите кон членство во ЕУ. Ова мора да го почитуваат и надвор, без разлика на тоа која политичка опција им одговара, пред се за остварување на нивните интереси.

dw

Па кој пред се диригира нова политичка нестабилност во земјата? Односно, кому тоа му одговара пролонгирање на политичката криза во Република Македонија?

Редакцијата на Дојче Веле на македонски јазик го пренесе „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ , односно текстот „Гнилата порта на балканската рута“, каде се анализира постизборната состојба во Македонија и можните коалиции кои во иднина би ја предводеле владата. Тоа што Дојче веле го извлекува како клучен е е делот во кој пренесува „Ќе помогнат ли Албанците да се урне Груевски? “.

Всушност, редакцијата на Дојче Веле функционира како партиска испостава на СДСМ. Ниту Борис Георгиевски ниту пак Катерина Блажевска не се задржаа на новинарските неутрални стандарди, туку директно ги застапуваа(т) барањата на опозицијата.

13321749_10154261398319901_2292851789831325575_n

Од друга страна, главен извор на информации и контакти на ФАЗ е германската амбасада, каде веќе е познато дека е сопругата на Сашо Ордановски, Бјанка, што до сега неброен број пати ја потврдиле својата непрофесионалност. Додека Ордановски влегува во редот на првите аналитичари во медиумите на СДСМ, неговата сопруга е во првите редови на политичките прес конференции на СДСМ. Нејзина улога е „обработка“ на амбасадорите според ставовите на нејзиниот сопруг. Како и секогаш, Така и на последната средба на Заев со германската амбасадорка, Бјанка седи веднаш до неа. За потсетување, Ордановски деновиве го бутка ставот дека сите барања во платформата од Тирана се прифатливи за СДСМ.

За македонската редакција на „германскиот бран“, на пример, не е спорно што ФАЦ Република Македонија ја нарекува „Гнилата порта“, или пак што ФАЦ се по теркот на Тирана пишува за знамето на „словенските Македонци“, па и што вмешувањето на Рама во внатрешните работи на Македонија ги нарекува „одлучно посредување“. Дури и тоа што и ФАЦ смета дека барањата во платформата ги оценува за „барања од голем калибар“. Или, дали воопшто ќе го постават прашањето дали Рама ги средикл проблемите со македонското малцинство во Албанија. Едноставно за Дојче Веле е важно дали Албанците ќе помогнат да се урне Груевски.
+18516202_401

-Денес победи нашата коалиција, но и Република Македонија. Нашата цел ќе биде кризата да се заврши со овие избори и државата да оди напред. ВМРО – ДПМНЕ на овие избори имаше тежок противник, тоа не беше само СДСМ и тоа сите го знаете и затоа оваа победа има особена важност и тежина- посочи Груевски ден по изборната победа. И текстот во ФАЗ и онака како што Дојче Веле го пренесува само уште еднаш потврдува фактот кој што неколку пати го повтори Никола Груевски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар за состав на новата влада во Република Македонија, дека изборната победа на 11 декември не значеше само пораз кон СДСМ, туку и пораз на многу поголем и помоќен непријател на Република Македонија и нејзиниот унитарен карактер.

-Кризата во Македонија мора да се заврши со овие избори и државата да оди напред. ВМРО- ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија ќе бидат секогаш со народот, со граѓаните на РМ и секогаш ќе работат во корист на државните и на националните интереси, како и да се свртат работите, што и да се случува. Секогаш може да сметаат на нашата поддршка. ВМРО-ДПМНЕ имаше исклучително тежок противник. Тоа не беше само СДСМ. Затоа оваа победа има посебна тежина и важност- оцени Груевски по одржаните избори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top