Поранешните пратенички од опозицијата Роза Топузова и Солза Грчева за разлика од СДСМ сметаат дека платформата е мешање во внатрешните работи на Македонија.
Роза Топузова во вчерашната емисија на ТВ Нова зборуваше за платформата на албанските политички партии и за нејзината нелогичност.
-Мене што најмногу ме погодува, особено ме погодува она што оваа платформата беше договарано во Тирана, а печатот и беше ставен во Приштина. Ова го разбирам како надворешно мешање во внатрешната политика на суверена држава како што е Македонија. Платформата што ја потпишаа албанските партии е полна со нелогичности односно има тенденции за измена на уставот на Република Македонија со што, од мултинационална држава ќе преминеме во двонационална држава, рече Топузова.
Пред неколку недели и поранешната пратеничка Солза Грчева исто така од СДСМ во емисија на ТВ21, го обелодени јавно својот сомнеж за албанските гласови за СДСМ.
-Од каде сега господинот Заев си даде за право, заради големиот број на албански гласови, да не се лажеме тие не се за канализација во Арачиново, ја не сум наивна да мислам дека Заев го гласале за канализација во Арачиново, истакна Грчева.
За ваквите свои ставови Грчева стана мета на активистите на СДСМ, меѓу кои и Јон Фрчкоски, син на Љубомир Фрчкоски, поранешен министер во МВР од СДСМ. Јон е вработен во ПОЦ каде директор е Саша Богдановиќ, кој беше претседател на ОО СДСМ Центар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)