| четврток, 6 декември 2018 |

Турција гради ѕид долж границата со Сирија и Ирак

Турција донесе одлука за изградба на бетонски ѕид на делови од својата граница кон Сирија и Ирак во вкупна должина од 330 километри, соопшти Генералштабот на турските вооружени сили.

Како што јави агенцијата Анадолија, покрај бетонскиот ѕид, чија цел е зголемување на безбедност во турските погранични региони, на делови од јужната граница со Сирија и Ирак, Турција ќе подигне и жичена ограда во вкупна должина од 191 километар.

Во текот на мината година турските безбедносни сили спречиле над 57.000 обиди за илегален премин на границата кон Сирија и Ирак, при што биле приведени над 424.000 лица.

На 24 август минатата година турската армија во северна Сирија ја започна операцијата „Еуфратски штит“, чија цел е потиснување на борците на џихадистичката група Исламска држава (ИД) од реоните долж нејзината граница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top