| четврток, 6 декември 2018 |

И со пиво се слабее, но само по 3.500 кригли дневно

Кога се во прашање здравјето и алкохолот, црвеното вино кое е богато со антиоксиданси добива најмногу заслуги.

Пивото пак, кога се прашање јаглехидратите, калориите и влијанието на телесната тежина е познато како „течен леб“, па така за љубителите на пивото се вели дека имаат „пивски стомак“. Но, тоа има и позитивни страни – помага во превенирање на создавање на бубрежни камчиња, ги јакне коските и помага во варењето на храната.

Неодамна научниците откриле уште една здравствена предност на пивото – тоа содржи органско соединение познато како каснтохумол, флавоноид кој природно го има во хмељот и кои може да помогне во губењето на килограмите и борбата против дебелината.

Тестовите покажале дека тој помага во намалување на холестеролот и нивото на шеќерот во крвта.

Секако, пиењето пиво нема да ви помогне да ослабнете, бидејќи една кригла пиво содржи 0,0757 милиграми каснтохумол, а за да ја внесеме потребната количина која ни е потребна за слабеење треба да испиеме 3.500 кригли дневно.

Истражувачите наведуваат дека во иднина може да се креира концентриран облика на ксантохумол во суплемент кој може да се користи во третирање на метаболичкиот синдром и намалување на факторите на ризик од срцеви заболувања, дијабетес, срцеви удари…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top