Од непозната причина на 13 јануари луѓе решија да се качат на летот 666 со крајна дестинација ХЕЛ (Хелсинки, hell – пекол).
Летот на Финер од Копенхаген, Данска, до Хелсинки, Финска, беше закажан регуларно како најобичен лет, но тоа што се одвиваше на петок 13 му даде застрашувачки шмек. Летот трае околу час и половина, според FlightAware.com. А за да биде уште полошо, FlightRadar24 јавува дека авионот кој лета на линијата во петок 13 е 13 години стар.
Многумина велат дека не би се качиле на тој лет.
@flightradar24 Who the heck would get on this flight?
— High Altitudes (@highaltitudes) January 13, 2017
Што уште можат да понудат?
@flightradar24 With black cats and broken mirrors in the cargo hold? 🙂
— Caitlin Kelly (@CaitlinKellyNYC) January 13, 2017
Некои жалат што не се качиле.
@flightradar24 Would have loved to be on THIS flight. 🙂
— Mark_Alden (@Mark_Alden) January 13, 2017
Сепак, и покрај огромниот ризик од несреќа со митолошки размери, екипажот и патниците слетаа безбедно во ХЕЛ со авионот стар 13 години на петок 13 на летот 666.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.