Петок 13 многумина веруваат дека е ден кога гарантирано ќе ви се случи некоја несреќа и поради тоа постојат обичаи кај народот со кои се брка злата судбина на тој ден.
Нумерологијата смета дека петок 13 е симбол за несреќа и тоа затоа што доаѓа после бројот 12 која е симбол на целовитоста и совршенството. Поради тоа веќе со векови постојат неколку верувања кои се раширени во целиот свет.
– Според легендата, ако 13 лица се собрани на вечера, еден од нив ќе умре во рок од дна година. затоа некои ресторани во париз нудат изнајмување на „професионален14 гостин“ на вечерите.
– На овој ден никако не треба да се менува креветот бидејќи ве чекаат грди соништа. Покрај тоа, не треба да се поаѓа на пат, ниту да се почнува било каква работа.
-Чадор ни случајно не отворајте во затворен простор бидејќи гадно ќе се испокарате со најблиските.
– Инаку важи правилото дека за скршеното огледало ви следува седум години несреќа. Но, ако го скршите на овој ден ќе ве следи цел живот.
-И, се разбира, не поминувајте под скали. Ова верување има корени во раното христијанство. Потпрената скала формира триаголник со ѕидот и тлото, што претставува свето тројство. Токму од таа причина тоа никогаш не смее да биде нарушено со вашето минување низ него.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.