Пејачката Ана Николиќ, која периодов е актуелна како дел од жирито во шоуто “Јас имам талент” решила да ги откаже сите настапи и да мирува. Причина за ваквиот потег е тоа што Ана неодамна дознала дека е во блажена состојба. Нејзе ова и е прва бременост, па со оглед на тоа дека докторот и рекол оти мора да мирува решила да замине на “трудничко” веднаш.
Ана ги послуша советите на гинекологот, кој и наложи строго мирување со оглед на тоа дека ова и е прва бременост и може да биде и ризична. Реши се да подреди на новата состојба и во мир да ужива во бременоста, затоа и ги откажа сите настапи”, рекла нејзина блиска пријателка за српските медиуми.
Ана во план имала, а откако нејзиниот сопруг Раста ќе завршел со договорените настапи, како и со ангажманот во “Јас имам талент”, да заминат на некое егзотично патување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.