| четврток, 6 декември 2018 |

Жртви, блокирани улици, откажани летови – снежно невреме ги парализираше Германија и Франција

epa05710981 A snowplow cleans the area of Pariser Platz square in front of the Brandenburg Gate during snowfall in Berlin, Germany, 11 January 2017. EPA/CLEMENS BILAN

Снежно невреме денес погоди делови од западна Европа, пред сѐ Германија и Франција.  Настанат е хаос во патниот, железничкиот и воздушниот сообраќај, а дел од домаќинствата се без електрична енергија.

Во Германија минатата ноќ невремето го зафати прво западниот дел од земјата со обилни снежни врнежи, а потоа се прошири и на истиочниот дел. Снежниот бран „Егон“ целосно го парализираше утринскиот сообраќај. Голем број училишни автобуси не пристигнале до своите дестинации, а на северот од Германија еден возач загинал откако неговото возило излетало од патот.

Ситуацијата поради обилните снежни врнежи особено критична во Баварија и Тириншка каде што многу прометни улици се блокирани од гранки кои натежнале и се скршиле поради натежнатиот снег.

Во големи делови од западна Германија за товарните возила е забранет сообраќајот и полицијата ги отстранува возилата од автопатот пренасочувајќи ги кон паркинзите. Во Франкфурт се откажани 125 летови поради силниот ветер, а слична е ситуацијата и во останатите аеродроми во средна Германија.

Прекинот на електричната енергија во Франција погоди 237.000 жители, кога олујата поминала низ Норманија и регионот северно од Париз. Една жена загинала откако на неа паднало стебло.

Во некои делови на Франција, училиштата и факултетите беа приморани да ги затворат вратите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top