| четврток, 6 декември 2018 |

Лина ќе мора да се надмине себеси и преку Вогел да стигне до првото коло на Австралија опен

stefani vogel

Швајцарката Стефани Вогел, првата носителка во квалификациите за гренлем турнирот Австралија опен, ќе биде последната пречка за македонската тенисерка Лина Ѓорческа во последниот квалификациски меч за пласман на главниот турнир во Мелбурн. Таа ја победи Амра Садиковиќ, која игра под знамето на Швајцарија, но има македонско потекло и родена е во Прилеп, со 2-1 во сетови (6-1, 6-7, 6-2).

Стефани Вогел моментно е рангирана како 111.тенисерка на ВТА – листата, а во 2013 година (ноември) била и на одличното 42.место.

26-годишната Швајцарка досега има три настапи на главниот турнир на Австралија опен, каде стигнала до второто коло во 2010, 2013 и во 2014 година. Има настапи на главните турнири на сите четири гренслем турнири.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top