| четврток, 6 декември 2018 |

Хорор во Англија: Тинејџерка заклала седумгодишно девојче во парк

Седумгодишната Кејти Ру почина во болница со тешки повреди предизвикани од нож. Девојчето било пронајдено заклано во парк во англискиот град Јорк во понеделникот попладне. Британската полиција како осомничена за убиството и за поседување на оружје приведе 15-годишна тинејџерка, која вчера се појави на суд.

e1e0c254b9ec73ca8c39

Бабата и дедото на убиеното девојче, како и роднините, исто така, присуствувале на сослушувањето кое траело само осум минути. Обвинетата ги дала своите податоци, а пред судија треба повторно да се појави денеска. Таа засега не се изјаснила виновна, ниту пак понудила мотив за делото.

5d6e7e800e2715df4bd4

Кејти само неколку дена пред убиството била деверуша на венчањето на нејзините родители.

d58f02647000c5431ec7

Тие пристигнале на местото на злочинот, парк во близина на семејната куќа, брзо откако соседите веќе ја пронашле избодената Кејти. Мајката хистерично плачела, а таткото почнал да си ја удира главата во ѕид. Кејти била пренесена во болница каде им подлегнала на повредите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top