Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа се наоѓа на чекор до влез во главната ждрепка на Австралија опен откако и во вториот меч од квалификациите во Мелбурн демонстрираше во каква форма се наоѓа.
Ѓорческа си поигра со Унгарката Далма Галфи, 160. тенисерка на светот, и ја совлада експресно,речиси за еден час игра со 2-0 во сетови (6-1, 6-1). Со втората победа во Мелбурн, тетовката уште еднаш покажа дека местото ѝ е меѓу најдобрите тенисерки на гранслем-турнирите.
Во првиот сет Ѓорческа за само 26 минути ја декласира некогашната јуниорска победничка на УС Опен, Галфи, одземајќи ѝ го сервисот двапати. Со доминантен тенис нашата хероина ја зголеми самодовербата и во вториот сет продолжи да игра како по ноти.
При 1-1 направи брејк и како искусна тенисерка го приведе мечот кон крај, добивајќи го вториот сет со 6-1. Лина сервираше одлично, подели и пет аса и не се потроши премногу за следниот клучен меч. Во третото и последно коло од квалификациите противник на Ѓорческа ќе биде поуспешната од швајцарскиот дуел Вогел – Садиковиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)