| четврток, 6 декември 2018 |

Милан со пресврт против Торино си закажа четврфинале со Јуве (видео)

milan

Екипата на Милан е четвртиот четвртфиналист во Купот на Италија, откако во осминафиналната пресметка славеше со 2-1 против Торино.

„Росонерите“ до победата дојдоа со пресврт во второто полувреме. Во првиот дел гостите дојдоа до предност со голот на Белоти во 27. минута. Милан израмни преку Куцка во 61. минута, а Бонавентура во 64. минута ја донесе победата и пласманот во четвртфиналето.

Во четвртфиналето, кое е на програмата на 25. Јануари, Милан ќе се сретне со екипата на Јувентус.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top