| четврток, 6 декември 2018 |

Линзи Вон се враќа на патеките, повредата е минато

lindsey-vonn-la-thuile

Во ноември минатата година Линзи Вон заработи скршеница на десното рамо која ја оддели од скијачките терени. На американската скијачка и беше извршена операција и предвиден период на рехабилитација од најмалку три месеци.

Сепак Вон побрзо ја заврши рехабилитацијата и нема да пропушти повеќе етапи од тековната сезона во аплско скијање. Четирикратната освојувача на Светскиот куп ќе се врати на терените наредната седмица, на спустот во Алтенмаркт, Австрија.

– Не постојат зборови со кои ќе можам да опишам колку сум возбудена што им се враќам на терените веќе наредната седмица. Му се враќам на скијањето на место каде имав одличен успех во минатото. Испуштив неколку трки, но се надевам дека ќе се вратам подобра од порано и ќе се вмешам во борбата за Светскиот куп – истакна Вон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top