| четврток, 6 декември 2018 |

Жаре и „Еден на еден“ се селат во Пехчево!

„Еден на еден“ ќе не изненадат со сосема различна епизода оваа сабота. Жаре и екипата беа неколку дена во Пехчево и подготвија врвно шоу со локалците.

Многу јадење, пиење, смеење, добри и лоши страни на тоа да се биде жител на оваа општина – сето тоа спакувано во еден телевизиски час кој мора да го погледнете.

Сабота, 14 јануари во 19:15 часот на „Телма“. Гледајте ги уникатните пехчевски авантури на Жаре и „Еден на еден“!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top