| четврток, 6 декември 2018 |

Германија од март ќе почне да враќа бегалци во Грција

 Германските власти најавуваат дека за два месеци ќе почнат да враќаат новопримени мигранти, чија прва дестинација во Eвропската унија е Грција.

Портпаролот на министерството за внатрешнни работи Тобиас Плат денеска изјави дека земјата ја прекинува пет-годишната суспензија на враќања на мигранти во Грција поради подобрите услови во оваа земја.

– Согласно препораките на Европската Комисија, Германија верува дека овие трансфери се можни од 15 март“, изјави Плат.

Согласно правилата на Европската унија бегалците треба да поднесат барање за азил во првата земја на ЕУ каде што ќе влезат а доколку некоја друга земја членка подоцна ги прифати можат да бидат префрлени таму. Најголем дел од бегалците од Блискиот Исток, Азија и Африка во ЕУ пристигнуваат преку Грција и Италија.

Според правилата на ЕУ усвоени во Даблин барателите на азил кои што заминале во други земји треба да бидат вратени во првата земја каде што се регистрирани. Ова правило за Грција беше укинато поради катастрофалната економска состојба во земјата.

Одлуката на Германија да почне да враќа бегалци во Грција е донесена на база на препораката на Европската Комисија од 8 декември која го дозволува тоа на сите земји членки.

На оваа препорака се противи официјална Атина која смета дека правилата од Даблин целиот товар на мигрантска криза го оставаат на првите земји каде што пристигнуваат бегалците.

Против одлуката на владата во Берлин е и организацијата „Проазил“ која што смета дека системот за азил на бегалците во Грција не е доволнно силен, дека мигрантите ќе бидат под силен притисок а земјата ќе се соочи со економски колапс.

Одлуката на германската влада според аналитичарите треба да се гледа и низ призмата на сојузните парламентарни избори закажанни за септември на кои една од главните теми ќе биде политиката на отворени врати на канцеларката Ангела Меркел. Во 2015 година Германија прими околу 900 илјади бегалци а нивниот број лани е намален на околу 280 мигранти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top