| четврток, 6 декември 2018 |

Лазаров: Покажавме психичка стабилност, можеме уште многу да напредуваме

kire lazarov

Македонија го отвори Светското ракометно првенство во Франција со пораз против Тунис (14-13). Нападот без голман беше и играта на пивот беа нашето главно оружје во нападот, но сепак на крај клучот за неуспешниот старт во Мец е голманската позиција.

Капитенот Кире Лазаров одново беше предводник на нашата репрезентација, но покрај индивидуалниот блесок, тој не беше задоволен од прикажаното во првите 50 минути.

– Сакам да им честитам на моите соиграчи. По долго време покажавме психичка стабилност. И покрај негативата од четири гола останавме со ладни глави и се вративме за голема победа. Искрено не сум задоволен, но мислам дека можеме да поправиме многу работи. Сакам да им честитам не неколку соиграчи, меѓу кои на Стоилов и на Миркуловски, кои дадоа се во текот на сите 60 минути, што не е лесно против репрезентација како Тунис – рече капитенот.

Натпреварувањето за нашите репрезентативци продолжува в сабота, кога во терминот од 20.45 часот ќе и се спротистават на аутсајдерот Ангола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top