Сестрите Бонавентура влегувaат во историјата на ракометот како првиот женски судиски пар на машко Светско првенство, 2017 година.
Французинките кои со години го имаат епитетот на најдобар судиски тандем во женскиот ракомет веќе суделе финалиња на Олимписките игри, Светски и европски првенства и Лига на шампиони. Сега ја добија можноста во својата земја да ја делат правдата на машкото Светско првенство.
Тоа сепак нема за нив да биде ништо ново, ниту непознато бидејќи за време на сезоната судат на 90 проценти од натпреварите во машка конкуренција. Од Европската судиска организација најавуваат дека примерот со сестрите Бонавентура во иднина нема да биде единствен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.