„Остваривме ново поглавје во кавадаречката женска кошарка. Го направивме тоа што ниту еден женски младински тим до сега не успеал да го направи, стигнавме до завршницата во шампионат во кој моите девојки се натпреваруваа со една година повозрасни кошаркарки. Самиот пласман на фајнл форот беше остварување на амбициите за годинава, а со стекнато искуство ќе се обидиме догодина да одиме чекор понапред“, изјави Дарко Цеков, предводник на еден од најуспешните кавадаречки спортски колективи во сезоната 2012/2013.
„Тремата и емоциите беа наш најголем противник во првото полуфинале против Бадел 1862 кое го загубивме со 45:20. Затоа пак девојките беа на ниво на мечот против Јуниор и малку недостасуваше да го добиеме мечот, но неколкуте грешки во финишот не чинеа пораз од 58.52“, рече во продолжение Цеков.
Дополнително признание за работата на женскиот кошаркарски клуб „Академик“ е и вклучувањето на Цветанка Димова во најдобрата петорка на фајнл фор турнирот, во кој се најдоа две кошаркари на победникот Кросиг и по една од тимовите на Бадел и Јуниор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Митко Јанчев: Јас слушам „Металика“, не беше мој избор да пее Цеца во Кавадарци
-
Зоран Заев во Кавадарци: Грозјето не е од татко ми или дедо ми, мора да се цени трудот на лозарите
-
Кавадарци ќе добие унифицирани такси возила
-
Македонија ќе победи: Мисајловски, Јанушев и Трајановски го придружуваа Мицкоски на чело на поворката во Кавадарци (фото)