| четврток, 6 декември 2018 |

Подмладување и освежување на тимот што победува

Ка­дров­ски про­ме­ни во ВМРО-ДПМНЕ ни­ту се пр­ви, ни­ту ќе бидат пос­лед­ни. Всуш­ност, вре­мен­ски­от мо­мент ко­га Гру­ев­ски ги нај­а­ви про­ме­ни­те во вто­ри­от и во тре­ти­от еша­лон е мно­гу поз­на­ча­ен ас­пект, откол­ку ас­пе­ктот де­ка ќе има сме­на на ди­ре­кто­ри и на за­ме­ни­ци

На­ја­ве­ни­те про­ме­ни на функ­ци­о­не­ри од еша­ло­ни­те во вла­де­јач­ка­та хи­е­рар­хи­ја не се ни­ту пр­ви ни­ту пос­лед­ни што ги спро­ве­ду­ва ВМРО-ДПМНЕ. Не се ра­бо­ти за „пар­ти­ска чис­тка“ или, пак, за чи­сто по­ли­тич­ки мо­ти­ви­ра­ни про­ме­ни, кол­ку што глав­на­та мо­ти­ва­ци­ја и пот­тик про­из­ле­гу­ваат од фа­ктот де­ка ад­ми­ни­стра­ци­ја­та (чи­тај: вла­ста) е и мо­ра да би­де сер­вис на гра­ѓа­ни­те. Тој сер­вис, пак, мо­ра да се раз­ви­ва и на­дгра­ду­ва спо­ред по­тре­би­те на гра­ѓа­ни­те и во сог­лас­ност со пре­диз­ви­ци­те што ги но­си на­пре­ду­ва­ње­то на ин­сти­ту­ци­и­те на др­жа­ва­та.

Од вре­мен­ски ас­пект, ин­те­рес­ни се три мо­мен­ти ко­га се нај­а­ве­ни про­ме­ни­те. Пр­во, тоа е по­стиз­бор­ни­от мо­мент, со по­се­бен ак­цент на пла­тфор­ма­та на пар­ти­и­те на ет­нич­ки­те Ал­бан­ци во Ма­ке­до­ни­ја; вто­ри­от е вла­де­е­ње­то на ло­кал­ни­те вла­сти, кои се ра­ко­во­де­ни од ко­а­ли­ци­ја­та ра­ко­во­де­на од ВМРО-ДПМНЕ; и тре­ти­от ас­пект е од­не­су­ва­ње­то на дел од ад­ми­ни­стра­ци­ја­та.

По­а­ѓај­ќи од пр­ви­от од овие три мо­мен­ти, пре­тсе­да­те­лот на ВМРО-ДПМНЕ, Ни­ко­ла Гру­ев­ски, отво­ре­но збо­ру­ва за по­тре­ба­та од ка­дров­ско осве­жу­ва­ње во пре­срет на фор­ми­ра­ње­то на но­ва­та вла­ди­на ко­а­ли­ци­ја. Во ин­терв­ју по­све­те­но на ста­вот на ВМРО-ДПМНЕ за со­о­чу­ва­ње­то со чи­сто ет­нич­ка­та се­ал­бан­ска пла­тфор­ма, Гру­ев­ски пре­циз­но ги де­фи­ни­ра ви­стин­ски­те пре­диз­ви­ци со кои би тре­ба­ло да се за­ни­ма­ва ид­ни­от парт­нер во вла­ста ка­ко прет­став­ник на ет­нич­ки­те Ал­бан­ци од Ма­ке­до­ни­ја, ме­сто да га­зи врз ет­но­цен­три­стич­ка поч­ва.

– За ме­не се нај­важ­ни ин­те­ре­си­те и на Ма­ке­дон­ци­те и на си­те гра­ѓа­ни на Ма­ке­до­ни­ја, вклу­чу­вај­ќи ги и Ал­бан­ци­те… На Ал­бан­ци­те во Ма­ке­до­ни­ја не­ма да им по­мог­не ако има­ат дво­ја­зич­ност на це­ла те­ри­то­ри­ја, вклу­чу­вај­ќи ги и Дел­че­во, Бе­ро­во, Гев­ге­ли­ја или Ка­ва­дар­ци. Ним мо­же да им по­мог­не ако во на­ред­ни­те че­ти­ри го­ди­ни се от­во­рат уш­те 100 или 150 но­ви фаб­ри­ки и се вра­бо­тат ил­јад­ни­ци лу­ѓе, ако стан­дар­дот поч­не да рас­те и има­ат по­у­бав и пок­ва­ли­те­тен жи­вот, ако по­рас­нат пен­зи­и­те, пла­ти­те, суб­вен­ци­и­те, со­ци­јал­на­та по­мош, ако се из­гра­ди пот­реб­на­та ин­фрас­трук­ту­ра, ако до­би­јат под­дрш­ка за град­ба на ку­ќи, ако се нап­ра­ват мно­гу ре­фор­ми и ако зем­ја­та се прид­ви­жи нап­ред – ве­ли Гру­ев­ски во ин­терв­ју­то за „Днев­ник“.

Ва­кви­от при­од на ВМРО-ДПМНЕ во­оп­што не е нов, и по­крај оби­ди­те на да ѝ се при­шие на­ци­о­на­ли­стич­ка ре­то­ри­ка на партијата. Тој при­од бе­ше по­сто­ја­но наг­ла­су­ван во из­бор­на­та кам­па­ња, пре­ку апо­стро­фи­ра­ње на еко­ном­ски­те за­фа­ти и на со­ци­јал­но-оп­штес­тве­ни­те про­е­кти што ќе ги раз­ви­јат и за­си­лат оп­шти­ни­те и ќе им го олес­нат жи­во­тот на си­те гра­ѓа­ни во др­жа­ва­та. При­тоа по­сто­ја­но се на­сто­ју­ва­ше да се об­јас­ни де­ка ефе­кти­те од тоа не мо­же да би­дат по­де­ле­ни по ет­нич­ка ос­но­ва или по ко­ја би­ло ос­но­ва да се иск­лу­чу­ва не­ко­ја од за­ед­ни­ци­те во зем­ја­та. Ток­му таа по­ста­ве­ност се не­ги­ра со на­ве­де­ни­те точ­ки од се­ал­бан­ска­та пла­тфор­ма, ко­ја ток­му од тој ас­пект на­и­ду­ва и на осу­да во за­ед­ни­ца­та на ет­нич­ки­те Ал­бан­ци во зем­ја­та. Во кон­текст на нај­а­ве­ни­те про­ме­ни, пак, мо­ра да се има пред­вид и на­ста­пот на Гру­ев­ски по из­бо­ри­те, де­ка ре­зул­та­ти­те од ме­ста­та со до­ми­нант­но ет­нич­ко ал­бан­ско на­се­ле­ние ќе би­дат ана­ли­зи­ра­ни ка­ко по­ра­ка и уви­ду­ва­ња на евен­ту­ал­ни­те про­пу­сти. Акту­ел­на­та нај­а­ва за ка­дров­ски про­ме­ни зна­чи и мо­дел за по­пра­ва­ње на впе­ча­то­кот.

Вто­ри­от мо­мент што про­из­ле­гу­ва од оваа нај­а­ва не се по­вр­зу­ва ди­рект­но со ло­кал­ни­те из­бо­ри и со по­до­бру­ва­ње на пар­ти­ски­от реј­тинг пред нив, осо­бе­но што Гру­ев­ски нај­а­ви де­ка по­го­ле­ми­от дел од про­ме­ни­те ќе се слу­чу­ва­ат во вто­ри­от дел од го­ди­на­та. Всуш­ност, ВМРО-ДПМНЕ во кон­ти­ну­и­тет пра­ви ка­дров­ски­те осве­жу­ва­ња во вто­ри­от и во тре­ти­от еша­лон. Во 2010 го­ди­на беа нај­а­ве­ни и по­тоа беа сме­не­ти де­се­ти­ци функ­ци­о­не­ри. Во 2012 го­ди­на бе­ше акту­е­лен та­ка­на­ре­че­ни­от „нов бран“, кој за­фа­ти над 150 функ­ци­о­не­ри. Ист та­ков бран се оче­ку­ва­ше и по из­бо­ри­те во 2014 го­ди­на, но по­че­то­кот на по­ли­тич­ка­та кри­за ги од­ло­жи ка­дров­ски­те осве­жу­ва­ња.

Ед­на од ка­ра­кте­ри­сти­ки­те на ВМРО-ДПМНЕ и на Ни­ко­ла Гру­ев­ски е по­сто­ја­но­то лич­но при­сус­тво на те­рен, што, пак, бе­ше за­си­ле­но отка­ко цен­трал­на­та власт, во сог­лас­ност со До­го­во­рот од Пр­жи­но, бе­ше пре­пу­ште­на на вла­да­та за спро­ве­ду­ва­ње из­бо­ри. Пре­диз­бо­ри­е­то и из­бор­ни­от кар­ван, пак, до­пол­ни­тел­но оста­ви­ја про­стор да би­де про­ве­рен од бли­ску пул­сот на гра­ѓа­ни­те и да би­дат сог­ле­да­ни со­стој­би­те во функ­ци­о­ни­ра­ње­то на ин­сти­ту­ци­и­те.

– Одеј­ќи во кам­па­ња­та од мес­то до мес­то, уви­дов де­ка во мно­гу мес­та има оп­рав­дан ре­волт од т.н. трет еша­лон. Не­кои од лу­ѓе­то се и пре­дол­го на ис­та по­зи­ци­ја и поч­на­ле да ра­бо­тат ру­ти­нски и да се од­не­су­ва­ат прем­но­гу би­рок­рат­ски. Ги за­гу­би­ле жа­рот и енер­ги­ја­та. Има так­ви и во пр­ви­от и во вто­ри­от еша­лон. Има и лу­ѓе кај кои е вид­лив за­мо­рот. Има и так­ви што ги за­гу­би­ле енер­ги­ја­та и ви­со­ка­та мо­ти­ви­ра­ност што ја имаа. Поч­на­ле да од­го­ва­ра­ат прем­но­гу ад­ми­нис­тра­тив­но, без да се пот­ру­дат да им по­мог­нат на лу­ѓе­то, ту­ку са­мо им да­ва­ат би­рок­рат­ски и ад­ми­нис­тра­тив­ни од­го­во­ри. Ед­нос­тав­но, не „гри­за­т“ ка­ко не­ко­гаш ко­га ста­ну­ва збор за ра­бо­те­ње, за по­ма­га­ње, за кре­а­тив­ност во се­кој­днев­на­та ра­бо­та, во бор­ба­та се­кој ден, од­нос­но и од­но­во да се до­ка­жу­ваат. Има­ат ка­па­ци­тет, има­ат зна­е­ње, има­ат ис­ку­ство, и сè е тоа во ред. Но не­ма­ат жар, го не­ма­ат ела­нот од по­ра­но, не се мак­си­мал­но мо­ти­ви­ра­ни, ре­ла­кси­ра­ни се. Зна­е­те, се­кој што не се бо­ри за ус­пех на ин­сти­ту­ци­ја­та што ја во­ди со ист елан, енер­ги­ја, мо­тив, жар ка­ко да се бо­ри за сво­ја при­ват­на фир­ма од ко­ја му за­ви­си лич­ни­от оп­ста­нок, зна­чи де­ка го дос­тиг­нал зе­ни­тот и дека тре­ба да се за­ме­ни со не­кој друг, кој, мо­же­би, во по­че­то­кот ќе би­де по­мал­ку ис­ку­сен или ќе има неш­то по­мал­ку зна­е­ње, осо­бе­но тоа што се до­би­ва од ис­кус­тво­то, од ра­бо­те­ње­то, но ќе има жар, мо­ти­ви­ра­ност, сил­на ам­би­ци­ја, ќе соз­да­ва­ воз­буд­ли­ва ат­мос­фе­ра во ин­сти­ту­ци­ја­та што ја ра­ко­во­ди, ќе ги мо­ти­ви­ра и дру­ги­те во таа ин­сти­ту­ци­ја, ќе ги раз­дви­жи ра­бо­ти­те, ќе вне­се све­жи­на, чув­ство за се­кој­днев­но се­бе­до­ка­жу­ва­ње и нап­ре­док, ин­ди­ви­дуа и тим што пос­то­јат за да соз­да­дат го­ле­ми неш­та и кои по­бе­ду­ва­ат. На се­кое мик­ро­ни­во на ра­ко­во­де­ње. Вак­ви про­ме­ни ќе има мно­гу, по­мал дел во пр­ва­та, по­го­лем дел во вто­ра­та по­ло­ви­на од оваа го­ди­на. Ова пот­ре­ба во нај­го­лем дел про­из­ле­зе од оде­ње­то на те­рен оваа го­ди­на и од раз­го­вор со мно­гу лу­ѓе, ком­па­нии или со са­ми­те ра­ко­во­ди­те­ли на раз­лич­ни ни­воа. Те­рен­ски по­се­ти и мои и на мо­и­те со­ра­бот­ни­ци. Има и так­ви што тре­ба да се сме­нат по­ра­ди соз­да­де­ни ло­ши на­ви­ки, греш­ки и про­пус­ти во ра­бо­та­та, и во­ед­но да им се да­де шан­са и на дру­ги од кои ќе се оче­ку­ва уш­те по­го­лем при­до­нес и ус­пех. Ова ќе би­де кон­ти­ну­и­ран про­цес, но го­ди­на­ва ќе има еден по­си­лен бран ос­ве­жу­ва­ња – рече Груевски.

Тре­ти­от мо­мент од оваа ана­ли­за за вре­мен­ски­от ас­пект ко­га „пад­на“ оваа нај­а­ва за ка­дров­ски про­ме­ни во вто­ри­от и во тре­ти­от еша­лон се по­вр­зу­ва со од­не­су­ва­ње­то на го­лем дел од нас­ле­де­ни­те ка­дров­ски ре­ше­ни­ја, кои, од ас­пект на про­фе­си­о­нал­на­та ад­ми­ни­стра­ци­ја, про­дол­жи­ја и на­пре­ду­ваа во сво­ја­та ка­ри­е­ра. Всуш­ност, иа­ко во ко­му­ни­ка­ци­ја­та со др­жа­ва­та, гра­ѓа­ни­те не би тре­ба­ло да на­и­ду­ва­ат на раз­ли­чен трет­ман во за­вис­ност од ре­о­нот во кој жи­ве­ат, спо­ред­ба­та што са­ми­те гра­ѓа­ни ја пра­ват по­ка­жу­ва раз­ли­ка во функ­ци­о­ни­ра­ње­то на по­драч­ни­те еди­ни­ци на др­жав­ни­те ин­сти­ту­ции. Таа по­ста­ве­ност, ко­ја Гру­ев­ски ја образ­ло­жу­ва со „соз­да­де­ни ло­ши на­ви­ки“,„би­рок­рат­ски и ад­ми­нис­тра­тив­ни“, соз­да­ва ре­волт, кој гра­ѓа­ни­те го иска­жу­ва­ат или во ди­рект­ни­те сред­би со функ­ци­о­не­ри­те од цен­трал­на­та власт, или каз­ну­ва­ат на из­бо­ри. Не смее да се изо­ста­ви и фа­ктот де­ка во по­ли­тич­ка­та кри­за, ток­му дел од еша­ло­нот што во ко­му­ни­ка­ци­ја со гра­ѓа­ни­те тре­ба да прет­ста­ву­ва про­фе­си­о­нал­на ад­ми­ни­стра­ци­ја, не го из­др­жа те­стот пре­диз­ви­кан од по­ли­тич­ка­та кри­за. Таа со­стој­ба, на ко­ја се ука­жу­ва­ше по­дол­го вре­ме, не смее да би­де иск­лу­че­на при сог­ле­ду­ва­ња­та за по­тре­ба­та за про­ме­ни и за но­ви ка­дров­ски ре­ше­ни­ја. Пред сѐ за­ра­ди гра­ѓа­ни­те, кои, на­ви­сти­на, оче­ку­ва­ат но­ви си­ли за по­до­бри ре­зул­та­ти.

Пишува: Наум Стоилковски
(Текст објавен во 228. број на неделникот „Република“, 13.1.2017)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top